Светски чуда
7 Стари светски чуда
Седум светски чуда на стариот (античкиот) свет се збир на архитектонски дела на античките Грци, особено во хеленистичката епоха, се смета за врв на човековата креативност и генијалност.
1.Статуата на Зевс во Олимпија - Грција
Оваа статуа е посветена на богот Зевс - на врховниот бог на античките Грци во чија чест се одржаа Олимписките игри, Кога почнувале олиписките игри, војните биле запрени, а спортистите од блискиот исток и Азија доаѓале да ја прослават Олимпјијадата и да се клањаат и молат на Зевс.
2. Колосот од Родос - Грција
Колосот од Родос (грчки: Κολοσσός της Ρόδου) бил статуа на грчкиот Титан Хелиос, подигнат во градот Родос на грчкиот остров со истото име, со Chares на Lindos во 280 п.н.е.. Тоа се смета за едно од седумте светски чуда на античкиот свет.
3.Маузолеј во Халикарнас - Турција
Маузолеј во Халикарнас е надгробен споменик на кралот Маузола кој бил висок 50 метри кој се наоѓал во градот Бодрум на Егејското крајбрежје. Маузол, кралот на Карија почнал да гради огромна гробница во која требало да биде погребан кога ке умре. Изградбата е завршена во 350 година п.н.е. по смртта на царот и неговите сестри.
4.Храмот на Артемида - Турција
Храмот на Артемида бил грчки храм посветен на божицата на ловот, Артемида. Таа била изградена околу 550 година п.н.е. Денес постојат само остатоци од храмот.
5.Висечките градини на Вавилон - Ирак
Вавилонскиот цар Навукодоносор II ги изградил висечките градини на Вавилон за својата жена Семирамиду. Многу мистерии поврзани со висечките градини небиле откриени се до 20 век.Некои податоци укажуваат дека тој храм бил изграден од друг цар и тоа после 1000 години.
6.Големите Пирамиди - Египед
Само пирамидите се сочувани од сите светски чуда и тоа три големи пирамиди кои што се наоѓаат во Гиза а тоа се Кеопсова приамида, Кефренова пирамида и Микеринова пирамида.
7.Светилникот во Александрија - Египед
Светилникот во Александрија е изграден помеѓу 300 и 280 година п.н.е. на островот Фарос. Тој им овозможуваше на бродовите безбедно враќање во александрија. Светлината на светилникот можела да се гледа на далечина од 50 километри. Изградбата ја почнал Птоломеј I Сотер, а е завршена после неговата смрт. Бил висока 117 метра и на дното ималао околу 300 соби. Светилникот бил прикажан на римските монети.
7 Нови светски чуда
1.Кинески Ѕид - Кина
Кинескиот Ѕид претставува најголема туристичка атракција во Кина и една од најголемите во светот. Според посетеноста од туристи се наоѓа на првото место. Со основањето на Народна Република Кина биле преземени мерки за заштита на ѕидот. Тој бил ставен под заштита на државата во 1961 година. Работите на неговата обнова биле најобемни во Ба-да-линг, а во 1987 година е внесен во списокот на културни богатства на Унеско. Кинескиот Ѕид е еден од најстарите и секако најдолгиот објект изграден од човекот. Се протега преку 6,400 km од исток до Лоп Нур на запад. На 7 јули 2007 гoдина Кинескиот ѕид е прогласен за едно од седумте нови светски чуда.
2.Колосеум - Рим
Колосеум (латински: Colosseum), изворно наречен „Флавиев амфитеатар“ (латински: Amphitheatrum Flavium), е најголемиот амфитеатар во Рим и во светот. Колосеумот бил изграден од царот Тит Флавиј Сабин Веспазијан кој го започнал во 72 год.н.е., а неговиот син царот Тит Флавиј Сабин Веспазијан го завршил во 80 год.н.е. Тие потекнувале од прочуено римско благородничко семејство, па оттаму и градбата го добила името. Некои поправки направил и царот Домицијан (81-96 год.н.е.). Изграден е како подарок за римските граѓани и тоа на местото на некогашната резиденција на римскиот цар Нерон. Во Колосеумот се одржувале гладијаторски борби и борби помеѓу животни, а собирал до 55.000 гледачи.
3.Мачу Пикчу - Перу
Инките започнале да го градат во 1400 година, но бил напуштен во официјална смисла од страна на владетелите на Инките еден век покасно. Иако градот и локалитетот биле познати за локалното население, тој не бил познат за остатокот од светот. Вниманието на светската јавност било фокусирани кон локалитетот во 1911 година кога американскиот историчар Хирман Бигман го претставил Мачу Пикчу на светот. Од тогаш, Мачу Пикчу е важна туристичка атракција.
4.Петра - Јордан
Петра е напуштен древен град во денешен Јордан. Се наоша на планинска долина на источниот дел во Види Араба, во која се преклопуваат патиштата кон Газа на запад, Бостра и Дамаск на север, Еилат на Црвено море и Персискиот залив од другата страна на пустината.
5.Статиа на Исус Христос Искупителот - Бразил
Статуата на Исус Христос (португалски: Estátua de Jesus Cristo Redentor) е скулптура која се наоѓа на ридот Корковадо покрај Рио де Жанеиро во Бразил. Статуата се наоѓа на 709 метри надморска височина и е висока 38 метри. Камен темелникот е поставен на 4 април 1992 година, а официјалната градба започнала дури во 1926 година. За нејзината изградба биле потребни пет години. Идејата за изградба на религиозен споменик за прв пат се појавила во 1859 година. Таквиот предлог бил даден од страна на Педро Марија Бос и принцезата Изабела. Но во тоа време тоа не им успеало па во 1921 година повторно била обновена таа идеја, кога се приближувала стогодишнината од независноста.
6.Таџ Махал - Индија
Неговата височина изнесува 75 метри. Скоро целиот состав на градбата се состои од бел мермер. На неговата северозападна страна се наоѓа џамија, а на југоисточната дом за одмор. Димензиите на целиот комплекс изнесува 300 м x 560 м.
7.Чичен Ица - Мексико
Чичен Ица е политички и културен центар на Маите во северниот дел на полуостровотЈукатан во Мексико.
7 Светски чуда на природата
1.Амазонската прашума - Амазон
Амазонија е прашума која зафаќа 7 милиони квадратни километри и е лоцирана во девет држави. Таа претставува петтина од пространетите дождовни шуми во светот, а реката Амазон е најголемата река со тек поголема од останатите топ 10 најголеми реки заедно. Интересно е дека ниту еден мост не е изграден над оваа река.
2.Заливот Халонг - Виетнам
Овој залив се наоѓа во Виетнам и содржи илјадници варовнички карпи и островчиња во различни големини и форми. Приматот на природно светско чудо го доби поради богатиот животински и растителен свет, како и поради големиот број на езера на островите создадени од варовник.
3.Водопадите Игуазу - Бразил и Аргентина
Едни од најголемите водопади, Игуазу се сместени на границата на Бразил и Аргентина, зафаќајќи полукружна форма од 2.700 метри. Вредни за спомнување се и загрозените видови на флора и фауна кои се наоѓаат во суптропските дождовни шуми.
4.Островот Јеју - Кореја
Јејудо е вулкански остров во Кореја, со површина од 1.846 квадратни километри, каде покрај централниот вулкан, има уште 360 помали вулкани, a природата во него едноставно е неопислива.
5.Националниот парк Комодо - Комодо, Ринка и Падар
Овој национален парк опфаќа три поголеми острови Комодо, Ринка и Падар, како и голем број на помали, заедно оформувајќи површина од 1.817 квадратни километри. Островите на националниот парк во Индонезија се со вулканско потекло.
6.Подземната река Пуерто Принцеса - Јужното Кинеско Море
Покрај преубавиот пејзаж, она што е впечатливо за оваа филипинска река е нејзиниот тек под пештера, најдолг во светот, пред да се влее во Јужното Кинеско Море. Има огромен број на сталактити и сталагмити, а значаен за спомнување е и богатиот животински свет.
7.Планината Тејбл - Јужна Африка
Оваа планина во Јужна Африка е толку рамна, што оддалеку изгледа на маса. Висорамнината која издржала 6 милиони години на ерозивни влијанија, го поседува најбогатото, а истовремено најмалото растително кралство на Земјата, со преку 1.470 видови, меѓу кои голем број на ретки и загрозени.